Политика на Приватност Becutan

Услови за користење и Политика на приватност 

Контролор:

АЛКАЛОИД АД Скопје 
Бул. Александар Македонски 12, 
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Овие Услови за користење и Политика на приватност ви овозможуваат детални информации за обработката на лични податоци на апликацијата за Becutan  (во понатамошниот текст: „Апликацијата“) и истите се усогласени со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија објавен во Службен весник бр. 42 од 16.02.2020 година.
 

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Цел на Апликацијата
Целта на оваа Апликација е да им овозможи на корисниците лесен и брз пристап до најновите информации за производите и услугите од брендот Бекутан на АЛКАЛОИД. Апликацијата е креирана со намера да ги информира корисниците за актуелните новини поврзани со Бекутан, да понуди корисни алатки за младите родители, додека воедно ја поттикнува свеста за значењето на правилната нега и зачувувањето на здравјето кај децата и целото семејство.        .
 

Одрекување од одговорност
Корисникот ја презема целосната одговорност за користењето на услугите на оваа Апликација, прифаќајќи дека тоа го прави на сопствен ризик. АЛКАЛОИД не сноси никаква одговорност за каква било директна, индиректна или последична штета што може да настане како резултат на пристапот, користењето или неможноста за користење на Апликацијата — вклучително и евентуално оштетување на уредот на корисникот или друг имот — во рамки на дозволеното со важечкото законодавство. Исто така, АЛКАЛОИД не одговара за штети кои произлегуваат од дејствија или пропусти на корисникот, врз основа на информации, услуги или содржини добиени преку Апликацијата.
Оваа Апликација содржи материјали, вклучувајќи текст, заштитни знаци, фотографии, видеа, PDF документи и други слики и звучни информации, кои се заштитени со авторски права или други права од интелектуална сопственост. Овие права припаѓаат на АЛКАЛОИД или се лиценцирани од носителите на правата за користење во рамки на оваа Апликација. Секое репродуцирање, пренос, копирање, умножување или користење на тие материјали без претходна писмена согласност од АЛКАЛОИД е забрането. Барањето за користење се испраќа на: becutan@alkaloid.com.mk
Сите линкови што водат до веб-страници на трети страни се поставени исклучиво заради практичност на корисниците. АЛКАЛОИД не дава поддршка, ниту изразува став во однос на содржината на овие надворешни страници и не презема никаква одговорност за точноста, безбедноста или последиците од нивната употреба.
Апликацијата е наменета за лица постари од 18 години. Не вршиме свесно прибирање на лични податоци од деца или малолетни лица. Доколку постои основано сомневање дека Апликацијата ја користи дете или малолетно лице, ве молиме контактирајте нè на следната електронска адреса: becutan@alkaloid.com.mk, за да можеме да преземеме соодветни мерки за отстранување на таквите податоци.

 

ЦЕЛ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ја цениме вашата приватност и вршиме прибирање и обработка на личните податоци на законит, правичен и транспарентен начин, во целосна согласност со важечките прописи и соодветната правна основа. Обработката на личните податоци е строго ограничена на она што е неопходно за конкретните цели – како што се обезбедување на бараните услуги, исполнување на законските обврски, испраќање на промотивна е-пошта и навремено постапување по вашите барања.

Собраните податоци може да се обработуваат за следните цели: 

• Маркетинг и комуникација – испраќање на е-весници, известувања, ажурирања и одговарање на вашите прашања.
• Унапредување на услугата и персонализација –со цел да се подобри квалитетот на услугата преку идентификување и отстранување на пречки, спречување на технички грешки, спроведување на анализа, тестирања, истражувања и анкети, како и развој и имплементација на нови функционалности и услуги, прилагодени на потребите на корисниците.
• Усогласеност со правни прописи –  чување и/или откривање на информации кога тоа е неопходно за усогласување со важечки закони, прописи, правни постапки или барања од надлежни органи, како и за постапување по правни барања, остварување или заштита на правни интереси, или за спречување на незаконски дејствија, измами или злоупотреби.
• Други цели – обработка на податоци заради исполнување на конкретни барања, прашања или договорни обврски доставени од страна на корисниците, освен доколку таквата обработка е изречно забранета со закон.
 

КАКО ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Понекогаш личните податоци ни ги доставувате директно (nа пример, при пријава за е-весник, поставување прашања или користење на одредени функционалности на Апликацијата). Во други случаи, податоците ги прибираме индиректно – како информации за начинот на користење на Апликацијата, со цел анализа и унапредување на квалитетот и релевантноста на нашите услуги.).

КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ И КОЈА Е ПРАВНАТА ОСНОВА ЗА НИВНАТА ОБРАБОТКА?
Во целост го почитуваме начелото на „минимизација на податоците“ и ги собираме само оние лични податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на целите за кои се обработуваат.
Видот на личните податоци што ги собираме зависи од категоријата на субјектот на податоци и од конкретната цел на обработката. Подолу се наведени главните категории:

•    Испраќање на промотивна е-пошта – Со ваша претходна согласност, може да ви испраќаме промотивни е-весници и известувања на вашата електронска адреса, со цел да ве информираме за новости, производи и услуги за кои веруваме дека се релевантни за вас.
•    Кориснички прашања и барања – При испраќање прашања или барања, можеме да ги обработуваме вашето целосно име, е-пошта, телефонски број, адреса и други информации што доброволно ни ги доставувате. Овие податоци ги обработуваме врз основа на вашата дадена согласност.
•    Унапредување на услугите и персонализација – При користење на Апликацијата, собираме технички информации како зачестеност и времетраење на користењето, функции што сте ги користеле, евентуални падови на апликацијата, како и податоци за вашиот уред (IMEI/UDID, MAC адреса, IP адреса, тип и поставки на уредот, оператор, јачина на сигнал, верзија на апликацијата, и слично). Овие податоци се обработуваат врз основа на легитимниот интерес на АЛКАЛОИД за одржување, анализа и развој на апликацијата и нејзините функционалности.


КАКО ГИ ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на вашите лични податоци. Нашите вработени постапуваат согласно интерни политики за заштита на лични податоци, а нашите деловни партнери се обврзани со договори за обработка на лични податоци, во согласност со важечките прописи за заштита на лични податоци.
Дополнително, се обврзуваме да ги собираме и обработуваме исклучиво оние лични податоци што се неопходни за исполнување на претходно наведените цели, осигурувајќи се истите да се соодветни, релевантни и ограничени.
Применуваме соодветни мерки за да обезбедиме доверливост и заштитита на вашите лични податоци. Не ги споделуваме информациите за Вас и/или за Вашето користење на Апликацијата со трети страни, освен во случаи кога ангажираме даватели на услуги како обработувачи на лични податоци. Во вакви случаи, давателите на услуги се договорно обврзани да постапуваат според нашите инструкции и да обезбедат заштита на личните податоци во согласност со важечките прописи за заштита на лични податоци. 

Користење на Google Analytics за аналитички цели
Во рамки на Апликацијата користиме Google Analytics за прибирање и анализа на податоци поврзани со однесувањето на корисниците, како што се стартувањето на апликацијата и други интеракции. Овие информации ни овозможуваат подобро разбирање на начинот на користење и континуирано унапредување на функционалноста и корисничкото искуство. Со самото користење на Апликацијата, вие давате согласност за прибирањето и обработката на овие податоци за наведените цели.
Ве информираме дека одредени информации собрани преку Google Analytics може да бидат пренесени и складирани на сервери лоцирани во САД. Овој трансфер е суштински за функционирањето на Google Analytics и неговите придружни услуги. Сепак, ве молиме имајте предвид дека правната рамка за заштита на личните податоци во САД може да се разликува од онаа во вашата земја и може да биде предмет на одредени ограничувања, како што се услови поврзани со државјанство, правна основа за поведување постапка или ограничувања поради истражни органи. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: https://business.safety.google/privacy/

Користење на платформата Mailchimp за испраќање на е-весник
Ние ја користиме платформата Mailchimp за управување со претплатите и испраќање на е-весници до корисниците на Апликацијата. Вашата електронска адреса ќе биде споделена со Mailchimp само по ваша јасна и недвосмислена согласност за примање на е-весници. Оваа согласност се дава при регистрацијата и останува на сила сè додека трае вашата претплата. Преку Mailchimp можеме да ви испраќаме персонализирани и насочени е-весници, со информации за најновите содржини, промоции и наградни активности поврзани со програмата за лојалност.
Mailchimp се придржува до строги стандарди за заштита на лични податоци, обезбедувајќи безбедност и доверливост на Вашите лични податоци. Повеќе за праксата на заштита на лични податоци што ја спроведува Mailchimp можете да дознаете на следниот линк: https://mailchimp.com/legal/data-processing-addendum/.

КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Вашите лични податоци ќе бидат складирани само толку колку што е потребно за исполнување на сите погоре наведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма која овозможува Ваше идентификување подолгу отколку што е потребно за постигнување на целта за која се собрани или обработени. Одредени лични податоци ќе се складираат согласно со законските рокови или внатрешни акти на компанијата и само толку колку што е неопходно за постигнување на целта на нивното собирање. 
Вашите лични податоци како што се име и презиме, електронска адреса, ќе ги чуваме додека не ја повлечете Вашата согласност. Останатите податоци, како што се податоците кои ни ги доставувате при поставување на прашања и податоците кои се однесуваат на вашето користење на Апликацијата, ќе се чуваат толку колку што е потребно за почитување на законските обврски. Во случај на правни, управни или вонредни постапки, личните податоци можат да се чуваат до завршувањето на таквите постапки, вклучувајќи можни рокови за жалби или извршување на вонредни или судски одлуки. 

ВАШИТЕ ПРАВА НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Право на информираност, пристап и корекција. Имате право да бидете информирани и во било кој момент да побарате информации и детали за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци. Исто така, имате право на пристап, корекција и ажурирање на било кој личен податок складиран во Апликацијата ако сметате дека тие податоци се невалидни, нецелосни или неточни. 
Право на бришење. Имате право да побарате бришење на Вашите лични податоци под одредени услови пропишани со закон.
Право на ограничување на обработката и приговор. Имате право да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци и право на приговор на обработката на лични податоци во одредени ситуации пропишани со закон. 
Право на повлекување на согласноста. Имате право во било кој момент да ја повлечете Вашата согласност за користење на лични податоци. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се темели на согласност пред нејзино повлекување. Секогаш можете да ја овозможите или оневозможите Вашата согласност за одредени функционалности во поставките на Апликацијата, но имајте предвид дека некои функционалности нема да функционираат правилно без Ваша согласност за собирање на лични податоци. 
Право на преносливост на податоци. Имате право, под одредени услови, да ги добиете Вашите лични податоци во структурирана, вообичаено користена и машински читлива форма и да ги пренесете на друг обработувач без наше вмешување.

 

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате во било кој момент на:
АЛКАЛОИД АД Скопје 
Бул. Александар Македонски 12, 
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Електронска адреса: dpo@alkaloid.com.mk
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или доколку сметате дека било кое Ваше право на заштита на податоци е прекршено, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на лични податоци до Агенцијата за заштита на лични податоци. 

Измени на Условите за користење и Политиката за приватност
Го задржуваме правото на измена на овие Услови за користење и Политиката на приватност во било кој момент со објава на изменетата верзија на нашата официјална веб-страница, а по потреба ќе ве известиме дополнително за тоа. Таквите измени стапуваат на сила веднаш по објавата.

30.04.2025.

Imunitet
Imunitet
Dojenački grčevi
Dojenački grčevi
Njega nosa
Njega nosa
Snažna djeca
Snažna djeca
Aktivna djeca
Aktivna djeca